Повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2014 година

Аплицирањето на повикот за избор на „Најдобар млад научник“ за 2014 година трае до крајот на месецот.

Признанието го доделува Претседателот на Република Македонија, како поттик на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што во тековната календарска година навршиле 30 години, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Услови за конкурирање се пријавените да имаат добиена меѓународна награда за научно-истражувачка дејност, добиено меѓународно признание за научно-истражувачка дејност, домашна награда за научно-истражувачка дејност, домашно признание за научно-истражувачка дејност, да објавиле резултати од научно истражување во релевантно меѓународно списание и во релевантно домашно списание, како и применетост на резултатите од научното истражување.

Исто така треба да ја испратат и својата биографија, реализираните проекти во 2014 година со кои конкурираат, како и доказ за државјанство на Република Македонија.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Документите треба да се достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2014 година.