Повик за Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“

Организацискиот одбор на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ кој секоја година се одржува кон крајот на октомври во Битола, го објави конкурсот за претстојното 23-то издание.

На ФАДФ „Камера 300“ може да учествуваат сите филмски аматери, членови на клубови, секции или самостојни автори од Европа кои ќе пријават филмови снимени на ДВД, МП4 или МПЕГ техника и титлувани на англиски јазик, а крајниот рок за пријавување на филмовите е 10 октомври.

Наскоро ќе се објават и членовите на меѓународното стручно жири кое ќе ги додели наградите плакета „Милтон Манаки“, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, награда за репортажа и наградата на „Уника“.

Фестивалот годинава слави 110 години од донесувањето на првата филмска камера на Балканот и во Битола.