Повик за идеи на Центарот за современи уметности – Скопје

Повик на Центарот за современи уметности - СкопјеЦентарот за современи уметности – Скопје објави повик за ликовни уметници, ликовни критичари и куратори, да поднесат идеи за настани кои ќе бидат реализирани во Мобилна монтажна галерија во текот на 2014 година.

Повикот се однесува на самостојни ликовни проекти и еден мултимедијален проект на уметници/куратори/уметнички групи кои ќе бидат целосно реализирани најдоцна до средината на јуни 2014 година, а во соработка со Центарот за современи уметности. притоа проектот не треба да биде поскап од 40,000 денари.

Оние настани коишто нема да бидат поддржани би можеле да бидат просторно и технички поддржани и имплементирани во Галеријата во текот на 2014 година.

Настаните ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот. Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на повиканите.

Дополнителни информации и пријави можат да се добијат ОВДЕ, а краен рок за пријавување е 10 јануари 2014.

Центарот за современи уметности информира дека е во завршна фаза на изработка на Мобилната монтажна галерија,  нов физички простор кој има треба да и даде поддршка на уметничката продукција. Галеријата ќе служи како простор за слободно изразување и делување на уметниците, креативните групи, активистите, цивилниот сектор и креативните граѓански идеи.