Повик за фотографии – „Бонбона брутализам“

Skopje Wanders го објавува првиот повик за фотографии од скопската бруталистичка архитектура насловен „Бонбона брутализам” кои ќе бидат вклучени во отворената архива за интимно културно наследство на страницата на Skopje Wanders (http://skopjewanders.org/category/intimate-cultural-heritage/).

Повикот ќе трае од 20 февруари до 20 март и на него може да се пријават сите заинтересираните талкачи, архитекти, фотографи, локалци и странци да ни испратат фотографии (црно-бели или во боја) во кои ќе ја прикажат својата перспектива на бруталистичките објекти од Скопје.

Фотографските прилози и прашања за повикот може да се испратат на skopjewanders@gmail.com.