Повик за експерти за образование со фокус на историја – Ана Франк Хаус

Ана Франк Хаус – Холандија распишува повик за експерти за образование со фокус на историја од земјите во поранешна Југославија да аплицираат за експертска група која ќе учествува во проектот „Historija, Istorija, Povijest – Лекции за денес“ поддржан од ЕУ.

„Historija, Istorija, Povijest – Лекции за денес“ цели да ги сподели успешните образовни методи на Ана Франк Хаус – Холандија, со цел да креира материјали за предавање и едукација кои ќе вклучат поширока популација и ќе ја поместат парадигмата за размислување и комуникација за последните 60 години од историјата во земјите од Западен Балкан, и ќе придонесат за помирување во регионот и негување на демократски вредности.

Проектот цели да:

Подигне свест и охрабри дискусија за поновата историја на национализам, исклучување, предрасуди, дискриминиација во регионот и да промовира дебата и дијалог за поновото минато;
Промоција на критичко мислење за историски настани и нивната важност за современите предизвици и критичко разбирање на екстремен национален дискурс од минатото и сегашноста;
Инспирирање на иновативен, интер-дисциплинарен, плуралистички образовен методолошки пристап со фокус на граѓанско образование, преку комбинација на елементи на формално и неформално образование, вклучување на иновативни методологии и користење на дигитални медиуми;

Формални и неформални професионалци во образованието со фокус на историја се поканети да се пријават на овој повик со испраќање на свое CV (максимум 1 станица) и примерок на наставен план за стандардно 45 минутно предавање кое се однесува на Југославија по 1945, и/или нејзиното распаѓање. Апликантите треба да се погрижат да ги наведат и материјалите потребни за предавањето, различните активности во предавањето, итн.

Апликациите треба да се испратат на Ивана Габалова (i.gabalova@annefrank.nl), не подоцна од 11 јануари 2014 до 17:00 часот. Задоцнети апликации нема да бидат земени предвид. Апликациите ќе бидат предмет на експертско разгледување, преку кое ќе се одбере експертскиот тим. Избраните членови на тимот ќе учествуваат на работилница во Амстердам (~март 2015) и работилница во Сараево (~јуни 2015).

Апликациите треба да бидат на англиски јазик. Повеќе информации може да најдете на повикот во прилог.

Проектот „Historija, Istorija, Povijest – Лекции за денес“ е поддржан од ЕУ а реализиран од Ана Франк Хаус (Холандија) во партнерство со Младински образовен форум (Македонија); ХЕРМЕС (Хрватска); Humanity in Action (Босна и Херцеговина) и OK (Србија).