Повик за доделување грантови на граѓански организации – промотори на слободата на изразување во локалните заедници

Во склоп на Проектот за младинско изразување ,„Youth Expression Project“ финансиран од Европската унија кој се спроведува од Младински образовен форум во соработка со Младински сојуз Крушево и Центарот за балканска соработка – Љоја, се отвора втор повик за доделување на грантови.

Целта на проектот е да се придонесе кон тоа младите да станат лидери во промоција на слободата на изразување, човековите права и интеграција и двигатели на промена за слободно и општествено одговорно инклузивно општество.

Повикот цели да ги оствари следните резултати:
Повикот за регрантирање цели да се создаде простор за позиционирање на младите преку тоа што ќе се подобри нивото на учество и вклучување, користењето на правата и слободите на младите и ангажираноста и влијанието на политиките на локално и национално ниво.

Преку финансирањето на граѓанските организации Проектот цели да ги оствари следните резултати:

  • Организациите да креираат силни процеси за застапување и да изградат механизми за соработка со институциите и засегнатите страни;
  • Активностите на граѓанските организации да се имплементираат на начин што ќе го зајакне младинското позиционирање и видливоста на младите и младинското учество;
  • Активностите на граѓанските организации во процесот на ре-грантирање да го подобрат нивниот организациски развој и опсег;
  • Застапувањето на граѓанските организации да биде врз основа на докази, односно преку методите на истражување, анализа и набљудување;
  • Унапредени модели на младинско учество, организирање и вклучување во процеси на носење одлуки;
  • Зголемено разбирање за основните права, зголемена инклузија на младите и имплементирање на успешни практики.

Вкупниот износ на средствата за финансирање на граѓански организации предвидени за овој повик изнесува 30.000 евра.  Буџетите  на предлог – проектите доставени на овој повик треба да изнесуваат минимум 1.000 евра, а максимум 7.500 евра. Се препорачува предлог-буџетот да биде приближно 5.000 евра. Времето на имплементирање на предлог-проектот не треба да биде подолго од 6 (шест) месеци.

Рокот за поднесување на проектните апликации е 30-ти септември 2019 година, до 17:00 часот. Апликациите поднесени на овој повик потребно е да ги содржат компјутерски и уредно пополнети документите наведени во листата на потребни документи, а се доставуваат во електронска форма на адресата yep@mof.org.mk.

Листа на потребни документи за целосна апликација
Граѓанските организации потребно е да ги поднесат нивните апликации преку користење на формуларот за аплицирање, кој ги вклучува следните составни делови:

  1. Формулар за аплицирање (линк);
  2. Скенирана копија на последната страница од формуларот за аплицирање (со печат и потпис);
  3. Формулар за буџет (линк);
  4. Копија од тековна состојба, не постара од 6 месеци од денот на објавување на повикот;
  5. Наративен и финансиски извештај за работата на организацијата за 2018 г. или линкови до истите;
  6. Работни биографии (CV) на проектниот тим;
  7.  Копија од ревизиски извештај за 2018 година (опционо).

 Дополнителни информации
За дополнителни информации кои се однесуваат на поднесувањето на апликациите заинтересираните апликанти може да се обратат со прашања на yep@mof.org.mk со назнака [Инфо] Повик за регрантирање, најдоцна до 23-ти септември 2019 година за да може да добијат одговори на време, пред истекот на крајниот рок. Проектот ќе биде организира и информативна сесија за заинтересираните апликанти на 19-ти септември 2019 г. во Граѓанскиот ресурсен центар со почеток во 12:00 ч.

Повеќе детали за типовите на активности, подобните трошоци, критериумите за одлучување и начинот на аплицирање можете да најдете во документот „Повик за регрантирање“ и „Упатство за буџетирање“