Повик за цртачи за „Графити фест Куманово“

Во месец април ќе биде организиран настан „Графити фест Куманово“, а темата ќе биде „Еко графит фест за поголема урбана свест”.

Оттука, објавен е конкурс за избор на цртачи на тема „Екологија“. Огласот трае до 1 април (пoнеделник) до 12 часот. Може да се пријави цртач или група цртачи кои треба да конкурираат со скица-цртеж кој/а ќе ја изработува/ат за време на настанот.

Учество на конкурсот може да се пополни ТУКА.

Настанот го организира и спроведува неформалната група од професори заедно со локалните цртачи.

Локацијата е во училишниот двор на кумановските основни училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ и во дворот на Народниот театар „Трајко Прокопиев“.

Организаторите потенцираат дека со години наназад тој простор е запоставен, каде што најмладите највеќе го поминуваат своето време.

„Оваа година се решивеме да ја средиме таа површина на еден креативен начин со помош на нашите графити артисти од нашата држава. Површината на која ќе се изработуваат графитите ги опфаќа ѕидовите на сите три институции со површина околу 450м2 простор за уредување. Ги покануваме сите поддржувачи на оваа субкултура да дојдат и да ги проследат и многуте други активности кои ќе се случуваат во самиот двор на овие три институции, во позадина проследени со добра музика“, се вели во најавата за фестивалот.

Подготовка на подлогата-ѕидовите за цртање на ООУ „Крсте Мисирков“