Повик за ангажирање на радио и стрим техничар/ка на Радио МОФ

Младински образовен форум и Радио МОФ отвораат повик за радио и стрим техничар/ка. Сите заинтересирани апликанти кои ги исполнуваат условите за позицијата, може да се пријават на повикот со испраќање на свое CV и мотивациско писмо. Пријавувањето е отворено до 15ти ноември 2018 (четврток). Апликацијата треба да се поднесе на stefanija_tenekedjieva@radiomof.mk и bojana_nizamovska@mof.org.mk.

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ ЗА РАДИО И СТРИМ ТЕХНИЧАР:

  • Работно време од 30 часови неделно;
  • Да договара снимањата на радио емисиите со водителите на емисиите, на навремен и професионален начин;
  • Да ги снима, монтира и емитува радио емисиите и подкастите продуцирани од Радио МОФ;
  • Да се грижи за одржувањето на радио програмата во поглед на емисии, музика, џинглови и други содржини;
  • Редовно да ги ажурира и објавува емисиите на MixCloud и останатите интернет платформи;
  • Да ги креира и ажурира плејлистите на радиото;
  • Да обезбеди видео стрим на емисии на Радио МОФ;
  • Да обезбеди видео стрим на останати настани за кои е побаран услугата на Радио МОФ;
  • Да се грижи за безбедноста и одржувањето на техниката и опремата со кои располага радиото;
  • Да подготвува извештаи за снимени емисии, преслушување и други работи поврзани со аудио/видео програмата;
  • Да учествува на состаноци на Радио МОФ тимот и по потреба на состаноци за МОФ;
  • Да учествува во организација и логистика на настани на Радио МОФ и МОФ;
  • Да соработува со координаторот и новинарскиот тим при креирање на програмата на радиото и договарање на снимањата;
  • Да ги информира координаторот на Радио МОФ, координаторот на Програмата за младински активизам и раководниот тим на МОФ за позначајни предизвици или промени во работата;
  • Да учествува во развојот на радиото со свои идеи, предлози и креативна;
  • Да дава поддршка на други проекти и активности во МОФ.

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Да биде полнолетен/на;
  • Минимум завршено средно образование;
  • Искуство од работа во радио, веб ориентиран медиум или друг медиум се смета за предност;
  • Основно ниво на познавање на техниката и софтверот потребни за вршење на работата;
  • Познавање од програми/алатки за дигитална обработка на фотографии и дизајн;
  • Одлични комуникациски вештини, способност за соработка и тимска работа;
  • Организациски вештини и добро менаџирање на времето;
  • Можност да работи за време на викенди;
  • Да има интерес да посетува обуки за професионално надградување;

Исполнување на работно време од 30 часови неделно.