Повик на „Лице в лице“ за креирање дела за зачувување на животната средина

Платформата за активизам, во чии рамки се печати уличното списание „Лице в лице“, го отворија повикот насловен „Лице в лице со животната средина“ за креирање на фотографија, постер, цртеж, слика или друго креативно дело кое е реакција на она што ни пречи во нашата околина, а што се однесува на животната средина.

Повик на „Лице в лице“ за креирање дела за зачувување на животната средина

Повикот важи од денеска (12 мај) до 9 јуни и е наменет до сите средношколци, студенти, ентузијасти кои сакаат да креираат различни дела, но и за сите заинтересирани граѓани кои сакаат на свој начин да придонесат за подигнување на еколошката свесност.

Делата, со кратко објаснување за нив, треба да бидат испратени исклучиво по електронски пат на licevlice@cma.mk, во резолуција за печат (најмалку 300 dpi). Заедно со испратеното дело, учесниците треба да достават и име, презиме и контакт телефон. Конкурсот важи за сите граѓани, жители на Република Македонија, без ограничувања по никаква основа.

Првичната селекција на делата, која ќе ја направи жири со стручњаци во повеќе области, ќе биде објавена на 11 јуни, на фејсбук страната на „Лице в лице“. Потоа граѓаните ќе гласаат за три најдобри дела и ќе ја направат конечната селекција која ќе биде претставена на изложба на почетокот на јули, каде ќе бидат претставени и дела од наши уметници (фотографи, дизајнери, сликари) што ќе творат за „позелена околина“. За најуспешните автори од овој повик се обезбедени вредносни награди.