Повик на Град Скопје за финансирање програми и проекти за млади

Град Скопје распиша јавен повик за финансирање програми и проекти за младите од интерес за Град Скопје за 2018 година со цел остварување на јавните интереси на младите.

Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат развој, стимулирање и презентација на општествени вредности за младите и достигнувања за подобрување на животот на младите на ниво на град Скопје.

Средствата за финансирање на програмите и проектите ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје за 2018 година.

Во согласност со законската регулатива и критериумите за утврдување на програмата за спорт и млади и за обезбедувањето средства за нивна реализација, Град Скопје со Програмата за активностите во областа за младите во град Скопје за  2018 година, од Програмата, ќе поддржува:

– Поттикнување на младите активно да учествуваат во општествените текови низ афирмација и поддршка на младинските активности, младинската работа и неформално образование на територија на градот Скопје;

– Поттикнување на сојузи, здруженија и други облици на здружување да учествуваат во креирање и спроведување на младинската политика, вклучително во зајакнување на капацитетот на здруженијата за млади на територија на град Скопје;

– Обезбедување услови за учеството на младите во изготвување и спроведување локален акционен план за млади на подрачјето на град Скопје;

– Обезбедување услови за активно и квалитетно искористување на слободното време на младите;

– Поттикнување  на младите за учество во спортско-рекреативни активности;

– Поттикнување на негување здрави животни навики;

– Поттикнување на волонтерски активности кај младите, како и нивно организирање на семинари и едукации;

– Поттикнување активности од областа на културата и уметноста;

– Поддршка за издавачка дејност на младите на подрачјето на Град Скопје;

– Поддршка на активности и проекти за заштита на животна средина и просторно уредување.

Апликациите за добивање средства од јавниот повик за млади ги разгледува комисија.

Средствата се доделуваат од Буџетот на Град Скопје од Програмата за активностите во областа на спортот и младите во градот Скопје во износ од 1.000.000,00 денари.

Проектот со кој се конкурира и кој ќе биде избран, треба да е краткорочен, т.е целокупниот проект или последната негова фаза да заврши најдоцна до 15.12.2018 година.

Потребните податоци како и предлог-програмите и проектите, програмските активности и манифестации, со финансиската конструкција треба да се достават на посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака број 16) или да се преземе од официјалната веб-страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk .

Јавниот повик трае вкупно 15 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање и официјалниот веб-портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Јавниот повик е објавен денеска, на 02.10.2018 година, и ќе трае до 16.10.2018 година.

Целиот јавен повик граѓаните може да го видат на следниот ЛИНК: