Повеќе ученици во основно образование, помалку во средно

На почетокот на учебната 2014/2015 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 192 165 што претставува зголемување за 0.6 проценти во однос на претходната учебна година, објави денеска Заводот за статистика.

Бројот на учениците во редовните средни училишта пак, на почетокот на учебната 2014/2015 година, изнесува 83 522 што претставува намалување за 3.4 проценти во однос на претходната учебна година.