Повеќе од милион мигранти годинава влегле во Европа

Повеќе од еден милион мигранти годинава пристигнале во Европа, соопшти Меѓународната организација за миграции со седиште во Женева (ИОМ). Според нивните статистики, ова е најголем прилив на мигранти по Втората светска војна, а најголем дел од нив во Европа влегле преку Средоземно Море, односно околу 972.000 мигранти .

Од ИОМ процениле дека околу 35.000 лица преку Турција влегле во Бугарија и Грција.

Речиси 3.700 лица се удавиле или се сметаат за исчезнати оваа година.

Половина мигрантите годинава се бегалци од Сирија, а по нив следат лицата од другите две воени жаришта, Авганистан и Ирак, покажуваат проценките на меѓународната организација.