Полицијата во Русија уапси повеќе од 2.000 антивоени демонстранти низ целата земја, соопшти независен набљудувач, на четвртиот ден од инвазијата на претседателот Владимир Путин врз Украина, пишува Ал Џазира.
ОВД-Инфо, која со години документира репресии врз руската опозиција, соопшти дека во неделата биле уапсени 2.114 демонстранти.
Со ова бројот на уапсени демонстранти откако Путин ја започна инвазијата во раните утрински часови во четвртокот на 5.250, рече набљудувачот.
Во Москва, полицијата честопати беше побројна од демонстрантите, од кои некои носеа рачно напишани плакати со знаци за мир и антивоени слогани на руски и украински јазик. Некои носеа маски со натписот „Доста“.
Репортерот на независниот телевизиски канал „Дожд“ беше уапсен за време на протестите и покрај тоа што ја покажал својата акредитација на полицијата и носел елек.
Надвор од луксузната стоковна куќа во центарот на Санкт Петербург стоеја заедно стотици антивоени демонстранти, поврзувајќи ги рацете и скандирајќи.
Многумина држеа плакати на кои пишуваше „Не за војната“, „Руси, одете си дома“ и „Мир за Украина“.
„Срамота е што сме стотици, можеби илјадници, а не милиони“, рече 35-годишниот инженер Владимир Вилохонов, кој учествуваше на протестот.
Полицијата за борба против нереди се обиде да ги оглуши нивните антивоени извици со пуштање на патриотска музика.
Во меѓувреме, западните сојузници на Украина воведоа санкции без преседан како одговор на руската копнена, морска и воздушна инвазија.
Путин нареди на својата воена команда да ги стави силите со нуклеарно вооружување во висока готовност во неделата, додека украинските борци кои го бранат градот Харков рекоа дека го одбиле нападот со инвазијата на руските трупи.
Десетици илјади луѓе ширум Европа маршираа вчера во знак на протест против руската инвазија, при што 100.000 луѓе протестираа во знак на солидарност со Украина во Берлин.