Светскиот ден на Дауновиот синдром, на 20-ти март, понеделник, ќе се одбележи во Кинотеката на РМ. Годинешната тема: #MyVoiceMyCommunity – оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат целосно вклучени во заедницата.
„Секоја година, гласот на луѓето со Даунов синдром и оние кои живеат и работат со нив, станува сѐ погласен. Down Syndrome International нѐ повикува сите нас, од различни краеви на светот, да одбереме активности и настани кои ќе помогнат во подигање на јавната свест за тоа што значи да имате Даунов синдром и како луѓето со Даунов синдром ги збогатуваат нашите животи и нашите заедници“, велат организаторите.
Центарот за Даунов синдром (DSC) на следните настани ќе го одбележи овој голем ден.
18 март, сабота, градски парк
11:00 – 13:00 Се приклучуваме на трката “Run for Down” организирана од мечувалечкиот клуб „Ескрим“ со свој тим и штанд на кој ќе ги промовираме нашите производи
20 март, понеделник
09:15-11:15 Одбележување на светските денови на Орално здравје и Даунов синдром со „Д-р Нина“ стоматолошка ординација во меѓународното училиште QSI. Настанот ќе вклучува едукативен дел, работилница, дружење, музика и многу забава.
19:00-19:30 Свечено отворање и одбележување на светскиот ден во Кинотека на РМ WDSD Global Video Event и неколку кратки видео записи
19:30–19:45 Промовирање на фотографската изложба на Огнен Теофиловски
20:00-20:30 Презентации – Центар за Даунов синдром, асистивни технологии и апликации
20:30-20:45 Презентација на видеото на УНИЦЕФ во кое се јавува Нина Костовска
20:45-21:00 Прашања, коментари, предлози и одговори
21:00-21.30 Коктел
„Ги повикуваме сите заинтересирани сограѓани да ни се придружат во одбележувањето на светскиот ден и ги потсетуваме да носат ШАРЕНИ ЧОРАПИ, да излакираат ШАРЕНИ НОКТИ и да му се воодушевуваат на овој ШАРЕН СВЕТ во кој сите ние живееме“, стои во соопштението.