Повеќе од 30 000 луѓе на првиот ден од Sea Dance фестивалот во Будва

Синоќа со настапот на црногорските ѕвезди „The Books of“ на плажата Јаз во Будва беше отворен вториот дел од „Exit авантурата“ –  Sea Dance фестивалот. Повеќе од 30 000 луѓе беа во фестивалскиот простор, додека најголема атракција беше настапот на Jamiroquai, кој ги следеа повеќе од 22 000 луѓе. Dance Paradise сцената се наполни уште во текот на денот на сетот на Roger Sanchez, кога започна енергичната журка на плажа која траеше до раните утрински часови.

Повеќе од 30 000 луѓе на првиот ден од Sea Dance фестивалот

Латино и реге сцената беа одлично засолниште за оние кои преферираат забава со звукот на бранови, додека Silent Dance бината беше „Party“ театар каде се прикажуваа омилените концерти од Exit.

Иако вечерната програма на Sea Dance фестивалот почнува дури во 21 часот, на плажите и бините не е помалку возбудливо ниту во текот на денот. Во текот на целиот ден пристигнуваа илијадници луѓе кои по сместувањето во фестивалскиот камп го продолжуваа денот со забава и дневни журки на плажа.

Во кампот се пристигнати повеќе од 5 000 посетители на фестивалот од повеќе од 30 земји во светот. Денеска на Sea Dance фестивалот журките на плажа започнуваат во 13 часот, а познатиот Timo Maas на Dance Paradise бината доаѓа во терминот од 17часот.

Дневните жури се бесплатни за посетителите. На главната сцена програмата во 21 часот ја отвара хрватскиот Lollobridgida, додека ѕвезди на вечерта ќе бидат Exemple. Потоа сцената ќе ја преземе британскиот ди-диџеј Eddy TM, како и UFK ѕвездата, Dimension.

Sea Dance фестивалот припрема котел и ВИП дневна журка со капење на преубавата плажа „Dukley Gardens“. Познатиот британски рапер Example, познат по својата хуманост, ќе го испрати овој топол јулски ден со специјален диџеј сет направен за залезот на сонцето, да подоцна во текот на ноќта бендот да настапи на главната бина на Sea Dance фестивалот.

„Вчера, во текот на денот и ноќта, на Sea Dance фестивалот можеше да се почуствува дека се раѓа нешто големо и важно, како чувството кое го имавме во 2001година кога го подигнавме Exit фестивалот на нозе. Судејќи според реакциите на публиката, веруваме дека Sea Dance фестивалот ќе стекне популарност и реноме какво што Exit изгради во текот на овие години од неговото постоење “ – изјави за Блиц Бојана Козомора, ПР менаџер на Exit.

Извор: Блиц

Превод: И.Ч.