Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19, а во изминатотот деноноќие починаа три лица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.
Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1694, бројката на оздравени пациенти е 1229, на починати е 95. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Најмногу активни случаи има во Скопје 129, Тетово 58 и Прилеп 56. Следат Куманово со 46 активни случаи на ковид 19 и Велес со 50. Во останатите градови низ земјава, бројката е едноцифрена.
Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на Ковид -19.