Потврден првиот случај на коронавирус во С. Македонија

Регистриран е првиот случај на заразен со коронавирус на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдија од Министерството за здравство. Станува збор за женско лице од Скопје, родено 1970 година.

„Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија. Веќе две недели е болна и иницијално се третирала во Италија, но таму не била тестирана за коронавирус и директно се упатила кон Инфективната клиника во Скопје откако пристигнала. Не претставувала опасност да ја пренесе болеста“, изјави министерот Венко Филипче на прес-конференцијата, повикувајќи да не се крева паника.

„Таа еден месец била во Италија, веќе две недели била болна и била третирана во Италија, но без тест за коронавирус, и кога влегла во Македонија, инкубацискиот период веќе ѝ бил поминат и не претставува опасност од пренесување на заразата“, рече министерот“, додаде Филипче.

Вирусот за прв пат се појави во декември минатата година во Кина, каде досега починале над 2.500 луѓе, додека над 80.000 луѓе низ светот се заразени.