Потпишан Протокол за соработка меѓу УКИМ и Универзитетот во Тирана

Протокол за соработка во областа на високото образование потпишаа денеска во Тирана ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски и ректорот на Универзитетот во Тирана Дори Куле. Фокусот на договорот е ставен на зајакнување на досегашната соработка и на поттикнување на научноистражувачката дејност.

Со потпишувањето на Протоколот се очекува да се продлабочи досегашната соработка во областа на виското образование меѓу двете земји. Во него е наведено дека ќе се разменуваат книги, публикации и образовен материјал за обука за истражувачки цели, како и дека ќе се поттикнува и поддржува заедничката истражувачка работа во областите од заемен интерес.

Исто така , двата универзитети, се договорија дека трошоците за престој на студентите и на научноистражувачкиот кадар, ќе ги обезбеди универзитетот домаќин.

Протоколот за соработка УКИМ и Универзитетот во Тирана има важност од пет години.