[Подкаст] Мегафон: Владин популизам или реални мерки за борба со сиромаштијата

460 илјади македонски граѓани живеат во сиромаштија. И иако проблем со кој се соочува 22% вкупното население во државата би требало да биде страв и трепет за секој носител на одлуки, во Северна Македонија, со години наназад, во оваа сфера нема позитивни поместувања.

Во овој „Мегафон“ со нашите соговорници разговараме за актуелните проблеми и активности на полето на сиромаштијата, и се обидуваме да откриеме зошто мерките за намалување на проблемот немаат ефект и дали прашањето, кое засега скоро четвртина од македонските граѓани, ќе се најде на врвот на агендата на македонските политичари.