„Потиснат потенцијал“ – прва самостојна изложба на Душан Стефановски во МКЦ Галерија

Во МКЦ на 3 јуни (среда) од 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Душко Стафановски, наречена „Потиснат потенцијал“.

Стефановски млад визуелен уметник од Скопје кој има дипломирано на факултетот за ликовни уметности (отсек графика) во оваа 2020 година. Тој е дел од графити сцената во Скопје од 2011 година.

„Неговата уметност е абстрактна лична експресија која е создадена со материјали кои се типично користени за графити уметност, тоа додава на уникатноста на неговиот веќе уникатен визуелен јазик. Неговите колоритни дела додаваат малку повеќе боја во нашиот град“, стои во најавата за изложбата.

Од МКЦ потенцираат дека со оваа изложба ја отвораат нивната галерија, но строго препорачувааат да се носи заштитна опрема (маски и ракавици) и да се избегнува физички контакт со други посетители.

„Повeлете да уживаме во делата на Душан како и во рок музика избрана од уметникот, и секако коктел“, велат од МКЦ.