Постери за Светското првенство во 2022 – бруталната вистина за третманот на работниците во Катар

Стотици работници, главно сиромашни мигранти од јужна Азија,  загинаа досега во Катар, градејќи ги стадионите за потребите на Светското фудбалско првенство, кое во организација на ФИФА ќе се одржи во 2022 во арапската земја.

Катар има лоши оценки од западните земји кога се во прашање работничките права, но и човековите права, генерално. Откако најпрвин имаше реакции околу начинот на кој земјата ја доби организацијата на Светското првенство и обвинувањата за корупција и поткуп, вниманието на западните медиуми се сврте кон условите за работа во средноисточната земја. Според многу сведоштва, работниците се примамуваат да дојдат во Катар и да работат, со ветувања за високи плати. Но, реалност што ги дочекува е поинаква: ужасни работни услови и работодавачи кои често со месеци не им исплаќаат никакви плати.

Во оваа серија постери, критиката паѓа врз големите корпорации кои се спонзори на првенството и кои досега немаат никаква реакција на обвинувањата за лошите услови за работниците во Катар.

Постери за Светското првенство во 2022 - бруталната вистина за третманот на работниците во Катар

На секои два дена, по еден работник умира во Катар, градејќи ги стадионите за Светското првенство. Причината за смрт на работниците најчесто се топлотни удари и незгоди на работното место кои се случуваат поради негрижата за безбедносните стандарди.

Постери за Светското првенство во 2022 - бруталната вистина за третманот на работниците во Катар

Работниците главно доаѓаат од Бангладеш, Непал, Индија, Шри Ланка и Бутан. По работното време, градежните компании ги држат во посебни живеалишта кои се целосно изолирани од остатокот на катарското општество.

Постери за Светското првенство во 2022 - бруталната вистина за третманот на работниците во Катар

Работниците мигранти се оставени на „милоста“ на работодавачите околу исплатата. Тие се уште ја чекаат предложената реформа со која ќе се востанови електронски систем на плаќање.

Постери за Светското првенство во 2022 - бруталната вистина за третманот на работниците во Катар

Ниту ФИФА, светската фудбалска асоцијација, ниту големите спонзори, кои издвојуваат десетици милиони долари за поддршка на Светското првенство, досега не се огласиле околу обвинувањата за кршењето на работничките права во Катар, кое западните новинари го нарекуваат „модерно ропство“.

Постери за Светското првенство во 2022 - бруталната вистина за третманот на работниците во Катар

Пред неколку дена се појави информација дека градежна компанија од Катар не ги пуштила работниците од Непал да се вратат дома за да присуствуваат на погребите на роднините кои им настрадале во земјотресот. Пред неколку месеци, пак, четворица новинари на британскиот сервис BBC биле уапсени и задржани во притвор во земјата, додека истражувале за злоупотребите на работниците.

Постери за Светското првенство во 2022 - бруталната вистина за третманот на работниците во Катар