Поставени заштитни столпчиња пред три основни училишта во Карпош за поголема безбедност на учениците

Општина Карпош постави заштитни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош, со цел да ја зголеми безбедноста за учениците пред воспитно – образовните установи.

Ваков тип на сигнализација беше поставена пред училиштата „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, пред ООУ „Владо Тасевски“ во Козле, како и пред ООУ „Војдан Чернодрински“ во населбата Владо Тасевски.

Столпчиња треба да ги предупредат учесниците во сообраќајот, да ја намалат брзината на движење и да обрнат поголемо внимание кога се движат во близина на училишта.

„Општината, го подигна нивото на безбедност пред образовните установи, поставувајќи  обични и интелигентни „лежечки полицајци“ и метални бариери. Од минатата учебна година, во сите основни училишта беше ангажиран дел од кадарот, со помош на сообраќаен знак, да го регулираат сообраќајот на локалните улици пред почетокот и на крајот на наставата“, велат од Општина Карпош.

Од локалната самоуправа најавуваат дека ќе постават вакви заштитни столпчиња и пред другите училишта.