„Пост-вистина“ е зборот на годината според Оксфордските речници

Оксфорд го прогласи „пост-вистина“ за интернационален збор на годината за 2016, бидејќи „добро ги прикажува изминатите 12 месеци и политиката која се одвиваше во нив“.

Зборот е дефиниран како придавка која опишува околности во кои објективните факти се помалку влијателни во обликувањето на јавното мислење, отколку емоционалните привлечности.

Селекцијата на зборот доаѓа после референдумот за Брегзит во јуни и претседателските избори во САД. Каспер Гратвол од Оксфордските речници вели дека пост-вистина ќе биде еден од „дефинирачките зборови на нашето време“.

Пост-вистина, збор кој често се користи во фразите како „пост-вистинита политика“, беше избран наместо други политички термини, како „Брегзитер“, и „алт-десно“.

Избран е од тесен избор селектиран за да ги опишува социјалните, културните, политичките, економските и технолошките трендови и настани кои се случија во 2016 година.

Според Оксфордските речници, пост-вистина бил прв пат употребен во 1992 година.

Сепак, почнал почесто да се употебува во 2016 година – дури 2000 проценти повеќе во споредба со минатата година, токму поради референдумот на излез од ЕУ одржан во Велика Британија и кампањите за претседател во САД.

„Поттикнат од порастот на социјалните медиуми како извор на вести и растечка недоверба во фактите понудени од естаблишментот, пост-вистина како концепт нема да најде лингвистичко рамниште уште долго време“, вели Гратвол.

Додава дека поради изгледите дека користењето на терминот нема да се намали во блиска иднина, не би бил изненаден доколку пост-вистина стане еден од дефинирачките зборови на нашето време.

Минатата година, Оксфордските речници место збор избраа пиктограф, односно емоџи – „лице со солзи радосници“, бидејќи „најдобро го прикажувал етосот, расположението и преокупациите во 2015 година“.