80 професори си заминале од Медицинскиот факултет во последниве три години

Последниве три години си заминале 80 професори од Медицинскиот факултетВо последните три години, од Медицинскиот фа­кул­тет во пензија заминале 57 наставници, еден починал, а 22 избрани нас­тав­ни­ци направиле трансфер во приватното здравство или во странство. Од овие 22 наставници што се заминати во приватното здравство, само од Уни­вер­зи­тет­ска­та клиника за урологија, во последните три години си за­ми­наа двајца професори, вели проф. д-р Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет при Уни­вер­зи­те­тот „Св.Кирил и Методиј” кој годинава ја доби др­жав­на­та награда “Св. Климент Охридски” во областа на здравството.

Се надевам дека во наредниот период дел од овие проблеми ќе се решат, објаснува тој, бидејќи во овој момент веќе има 28 доктори вра­бо­те­ни на повеќе клиники што имаат одбрането докторати, но во мо­мен­тов не се избрани во наставно-научно или научно звање на Ме­ди­цин­ски­от факултет во Скопје. Професорот Јанкуловски за весникот „Вест” зборува за проблемите со недостигот на наставен кадар на од­ре­де­ни клиники и катедри.

„Сог­лас­но Законот за здравствена заштита од 2012 година уни­вер­зи­тет­ска клиника може да врши дејност ако во работен однос има најмалку пет вра­бо­те­ни доктори на наука од областа на медицината, од кои најмалку двај­ца наставници на Медицинскиот факултет. Во моментов само една уни­вер­зи­тет­ска клиника, а тоа е Клиниката за урологија, има само еден нас­тав­ник вработен на Медицинскиот факултет. А иста е состојбата и на Универзитетската клиника “Св.Наум Охридски”, каде има еден професор, со што на факултетот имаме двајца вработени професори по урологија Сите останати имаат најмалку по двај­ца наставници, што е во согласност со Законот. Но загрижувачки е фак­тот што голем број универзитетски клиники немаат вработено нај­мал­ку пет доктори на науки, како што се универзитетските клиники за тран­сфу­зи­о­ло­ги­ја, за оториноларингологија, за гинекологија, за пластична и ре­конс­трук­тив­на хирургија, за урологија, за онкологија со радиотерапија, за ревматологија, за токсикологија, за трауматологија, за торакална хи­рур­ги­ја и за детска хирургија“, објаснува Јанкуловски.

Вели дека Факултетот сè уште има резерва за да ги пок­рие потребите за настава на сите катедри.

„Со школата за докторски сту­дии од 2011 година ќе имаме солидна продукција на докторанти, кои ќе би­дат кандидати за избор на наставници во наредниот период. Првите док­то­ран­ти ќе излезат на почетокот на 2014 година, тие доктори на науки ќе влезат во процедура за избор на наставници. Најалармантна е сос­тој­ба­та, како што кажав, на Урологија каде што има еден професор, но таму нас­ко­ро ќе добиеме уште еден. Потоа на Гинекологија има тројца про­фе­со­ри, од кои еден оди во пензија, а на Клиниката за торакална и вас­ку­лар­на хирургија има тројца професори, но еден наскоро заминува во пензија. Но и пок­рај ваквата состојба, на Катедрата за хирургија има доволно нас­тав­ни­ци, бидејќи професорите од хируршките клиники се под една катедра, и ако од една област недостига наставник, има доволно од другите што мо­жат да ја држат наставата“, додава тој.