„Последните пет години“ – најавен нов документарен филм за Дејвид Боуви

Во јануари, 2017 година, се очекува да биде објавен нов документарен филм на Би-би-си за животот на британскиот музичар насловен „Дејвид Боуви: Последните пет години“. Ова е продолжение на документарецот на Френсис Витли од 2013 година „Дејвид Боуви: Пет години“.

Новиот документарец ќе биде, исто така, во режија на Витли, со фокус на последните албуми на Боуви – „The Next Day,” „Blackstar” и „Lazarus“.

Филмот вклучува досега невидени интервјуа и архивски снимки, заедно со гласот на Боуви кој зборува за последниот синг, насловен исто така Lazarus.”

Документарците за Боуви почнуваат во 1973 година, кога Д. А. Пенбејкер направи документарен филм од неговиот концерт „Ziggy Stardust and the Spiders from Mars,” за последниот концерт каде Боуви настапуваше како ликот Зиги.