Последните песни на Дејвид Боуви ќе бидат објавени во октомври

Три нови песни на починатиот пејач ќе бидат објавени заедно со снимките од кастинзите за „Лазарус“, мјузиклот кој Боуви го подготвуваше пред да почине.

Студиските верзии на три песни, „No Plan“, „Killing a Little Time“ и „When I Met You“, ќе бидат достапни за јавноста за прв пат на 21 октомври. Песните се снимени со истиот бенд кој работеше на неговиот последен албум, „Blackstar“, а се копродуцирани од Боуви и неговиот долгогодишен соработник, Тони Висконти.

Трите песни беа дел од мјузиклот „Лазарус“, чија премиера се одржа во Њујорк на 7 декември 2015. Од 8 ноември ќе биде поставен и во лондонскиот Кинг Крос театар.