Последната женска бела жирафа во Кенија е убиена од криволовци

Бела женска жирафа за која се верува дека е последна од ваков вид на Земјата, е убиена од криволовци, соопштија конзерваторите од Кенија.

Мајката и нејзиното дете биле пронајдени во процес на распаѓање, а се претпоставува дека починале во последните четири месеци, пишува во соопштението на конзерватот „Ишагбини Хирола“. Од белата фамилјарна тројка, остана само мажјакот.

Уникатните животни ја наследиле нивната бела боја од состојба позната како леуцизам која што ја инхибира пигментацијата во некои клетки на кожата.

Оваа состојба е различна од албинизмот, кој спречува меланинот да се произведува во клетките.

Соопштението известува дека животните биле убиени од вооружени криволовци.

Овој редок вид на жирафи живееле во кенискиот животински конзерваториум. Кенискиот сервис за диви животни, бил повикан да го истражи исчезнувањето на животните откако тие не биле забележани неколку недели.

„Ова е многу тажен ден за заедницата од Иџара и Кенија. Ние бевме единствената заедница во светот која се грижеше за бели жирафи“, изјавил Мохамед Ахмеднур, менаџер на резерватот во Гариса, Кенија, во соопштението до јавноста.

Белите жирафи за првпат биле забележани во Кенија во март 2016 гона, но постоењето на овој редок вид животни стана популарно во откако беа фотографирани во 2017 година.

40 проценти од популацијата на жирафите се намали во последните 30 години, поради криволовството и црниот пазар на диви животни, истакнале од Фондацијата за африкански диви животни.

Извор: Independent