Последната книга на Умберто Еко ќе биде објавена порано од планираното

Датумот на објавување на последната книга на италијанскиот романсиер и филозоф Умберто Еко, кој почина на 19 февруари, ќе биде преместен и книгата ќе биде објавена на италијански јазик овој викенд.

„Папе Сатан Алепе: Хроники на ликвидното општество“ е збирка на есеи која оригинално требало да биде објавена во мај годинава. Некои од есеите се претходно објавени во италијанскиот неделник L’Espresso почнувајќи од 2000 година, велат од издавачката книга на Еко, La Nave di Teseo.

„Papé Satàn, papé Satàn aleppe“, е првиот стих од Песна VII од Пеколот, првиот дел од поемата „Божествена комедија“ на Данте Алигиери, напишана во 14-тиот век. Стихот е познат по тоа што ги збунува преведувачите, а современите академици веруваат дека е демонски повик. Насловот на книгата на Еко е „доволно „течен“ да го окарактеризира збунувањето на нашето време“, велат издавачите.

Издавачката куќа La Nave di Teseo е нова издавачка куќа, формирана бидејќи познати автори, меѓу кои и Еко, се плашеле од создавањето на монопол во италијанското издаваштво, откако компанијата Arnoldo Mondadori Editore на Силвио Берлускони, ја откупи издавачката куќа RCS Libri во 2015. Еко лично донирал две милиони евра за да ја финансира La Nave di Teseo.

Во интервју за La Republica во понеделникот, претседателката на La Nave di Teseо, Елизабета Сгарби, ја нарекла книгата „иронична“, и рекла дека Еко бил „неуморен работник“ до самата смрт.

Извор: Guardian