По шест години и 720000 обиди, успеал да фотографира водомар како нурнува во вода

Alan McFadyen, фотограф на жив свет кој со оваа работа се занимава од 2009 година, успеал да направи фотографија која се трудел да ја „улови“ веќе шест години.

Според неговите пресметки, потрошил 4200 часа и 720000 фотографии за да успее да ја долови птицата водомар додека нурнува во водата без ниту една капка на објективот.

„Фотографијата која се трудев да ја направам требаше да прикажува совршено нурнување, беспрекорно право и без капки наоколу. Тоа бараше од мене не само да бидам на вистинското место и да имам многу среќа, туку и самата птица совршено да нурне“, вели McFadyen.

„Често се случуваше да направам по 600 фотографии во една сесија, и ниту една од нив да не биде добра. Но, сега кога разгледувам илјадници фотографии кои сум ги направил за да ја постигнам таа слика, прави да сфатам колку работа всушност ми требало за да успеам“.

McFadyen бил инспириран да ја сака природата и живиот свет од неговиот дедо.

„Се сеќавам кога дедо ми ме носеше да ги гледам гнездата на водомарите, и колку бев вчудовиден од тоа колку се овие птици неверојатни. Кога почнав да се занимавам со фотографија, се вратив на истото место да ги фотографирам водомарите“.

Извор: Bored Panda