После критики до Епл, Сири соодветно ќе одговара на прашања за сексуално насилство

Поради критики за несоодветните одговори на гласовниот асистент Сири на фразата „Ме силуваа“, Епл ја обнови за да реагира коректно на прашања за сексуално злоупотребување.

Порано кога на Сири ѝ биле поставувани прашања во однос на силување и сексуален напад, таа одговарала со „Не знам што мислиш со „Силуван/а сум“, или „Може ли да пребарам на интернет нешто за тоа?“.

Проблемот стана глобално познат на 14 март, кога Дневникот на Американската медицинска асосцијација објави истражување, според кое Сири, S Voice на Самсунг и Google Now не успеваат да одговорат на прашања поврзани со здравје, депресија и семејно насилство.

Тогаш Епл објавија дека соработуваат со Националната мрежа на жртви на силување, злоупотреба и инцест за нова верзија на Сири, која сега на корисниците им одговара со телефонски број на Бесплатната линија за пријавување на сексуална злоупотреба.

Извор: Gizmodo