„После часови“ – Саем за воннаставни програми и активности за деца и млади на 1 и 2 септември

Првиот саем за воннаставни програми и активности за деца и млади – „После часови“ ќе се одржи на први и втори септември од 10 до 19 часот во Спортскиот центар „Форца“ во Скопје.

Саемот ќе опфаќа уметност, спорт, музика, танц, ликовна уметност, пеење, едукативни центри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити… Саемот ќе биде бесплатен и отворен за сите посетители.

Младите родители пред почетокот на учебната година ќе имаат можност да се информираат за повеќе од 50 програми кои се нудат, да одберат и на лице место да ги запишат своите деца по промотивни цени со големи попусти.

Родителите и децата во живо ќе можат да ги погледнат реквизитите за спорт, танц, да пробаат демонстрација од секоја област.