Посебен сообраќаен режим поради велосипедската трка „Трофеј Кале 2018“

Во организација на Велосипедската федерација на Македонија, денеска од 11 до 14 часот ќе се одржи велосипедска трка „Трофеј Кале 2018“.

Трасата на движење на натпреварувачите ќе почне од улицата „Самоилова“ (Музеј на современа уметност) долж улицата „Лазар Личеноски“ (круг околу Скопско кале) до улицата „Самоилова“ (Музеј на современа уметност).

Поради трката, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи-Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците што гравитираат во близина на трасата,  информираат од Министерството за внатрешни работи.