Португалија им дала целосни граѓански права на мигрантите и азилантите за време на пандемијата од коронавирусот

Португалија им дала привремени, но целосни граѓански права на емигрантите и азилантите, обезбедувајќи им целосен пристап до државниот здравствен систем во време кога коронавирусот ескалира во земјата.

Овој потег, недвосмислено би ги гарантирал правата на сите странски државјани, чии барања за државјанство веќе се наоѓале во португалскиот Оддел за имиграција.

„Тоа значи дека тие се во ситуација на регуларен престој на националната територија до 30 јуни“, истакнале од Португалскиот совет на министри.

Оттаму исто така објасниле дека оваа одлука била воведена со цел да се намали ризикот на јавното здравје и да се намали моменталното закажување на термини во Одделот за имиграција.

Португалија вовела вонредна состојба на 18 март, која начелно требало да трае две недели.

Претседателот Марсело Ребело де Соса ја нарекол пандемијата „Ковид-19“ вистинска војна што донела видливи предизвици за начинот на живот и економијата на земјата, фалејќи го однесувањето на португалските граѓани, кои биле примерни по спроведувањето на самоизолацијата.

Според Универзитот „Џон Хопкинс“, во Португалија досега имало 6.408 потврдени случаи на коронавирусот, со 140 починати и 43 излечени пациенти.

Извор: CNN