Порто Рико на референдум одлучи да биде дел од САД

Илјадници Порториканци во неделата гласаа за тоа дали земјата да биде дел од Соединетите Американски Држави, на необврзувачки референдум.

Можностите за кои гласаа жителите на островската држава беа дали Порто Рико да стане 51-вата држава, да остане колонијална територија на САД, или пак да стане независна држава.

Најстарата и најголемата колонија на САД со дури 95% од гласовите пребројани, одлучи да стане дел од САД со дури 97,1% од гласовите.

Сепак, излезноста била само 23%, што ги наведе противниците на влез во САД да го стават под знак прашалник валидноста на референдумот.

Порто Рико беше предадено на САД на крајот од Шпанско-Американската војна во 1898 година, како форма на помирување.

Многумина веруваат дека територијалниот статус на земјата придонел до 10-годишната рецесија.

Без разлика на резултатите, сега Конгресот на САД ќе одлучува за било каква промена на политичкиот статус на Порто Рико.