Порталб: Културата на заплашување во Македонија ги потисна студентските протести

Тивко помина таканаречениот “ултиматум” што студентите од Тетово му го поставија на Државниот универзитет во Тетово на минатонеделниот протест. Ниту првите ниту вториот не прифаќаат да се изјаснат со цел јавноста да дознае за тоа што се случи со студентските барања, дали некој воопшто ги сослушал, прашува „Порталб.мк“.

Иако не зборуваат јавно за имиња, организаторите на протестите и некои од демонстранти потврдуваат за „Порталб.мк“ дека се соочуваат со разни притисоци па до “поздрави” до семејствата на оние кои протестираат, за да не продолжат со барањето на нивните права.

Оваа култура на садење страв во нив ги принуди студентите да замолчат и тивко да го прифатат нивниот пораз против системот кој што го осудија дека е корумпиран и штетен за нивната иднина.

Интересен е дури и фактот што, наместо кон одговорните, студентите критиките ги насочија кон медиумите. Поради тоа и уследи последното објавување на информацијата на последната страница каде што се најавуваа  протестите, кои до пред една недела беа гласни, па дури даваа впечаток дека можеби ќе ја следат масовноста и сериозноста како протестите во Албанија.

“Студентското движење нема документ наречен „ултиматум“, туку има барања упатени до универзитетите, Министерството и Владата. Насловите кои се појавуваат во медиумите може да се протолкуваат само како акти на поединци кои ги палат нашите барања, како и држење далеку на политичките партии од оваа кауза!”, е чудното соопштение од 23 декември, кое веројатно доаѓа од нивната хаотична организација.

Од друга страна, освен соопштението на Тетовскиот универзитет дека ќе се направи онлајн платформа за студентите, преку која, како велат “ќе може да се артикулираат сите потреби, барања и нивните проблеми, кои ќе се разгледаат со најголема сериозност од органите на академските единици и на Универзитетот” од оваа институција, но не се кажа ниту еден збор за барањата на студентите.

На континуираните прашања на „Порталб“, за тоа што одлучило раководството, за која ни кажаа дека имале собир и дискутирале, портпаролот ни го даваше истиот одговор – “ќе има соопштение”.

И соопштението беше следново, а од него може да се види колку е сериозен Универзитетот и дека “загриженоста на секој студент е нивна грижа”.

“Затоа сите расположливи механизми и средства ги имаме ставено, а ќе продолжиме и понатаму да ги ставаме на располагање во корист на студентската младина, која претставува главен столб на целото општество. Во духот на транспарентност и добро на студентската заедница на Државниот универзитет во Тетово, во наредните денови ќе подигнеме онлајн платформа за студентите, преку која ќе може да се артикулираат сите потреби, барања и проблеми, кои ќе се третираат со најголема сериозност од телата на академските единици и на Универзитетот. Универзитет во Тетово ве уверува дека ќе размисли за секое академско и студентско прашање, со цел да се создаде стабилна платформа за иднината на целото општество”, и со тоа завршува соопштението.