Порнхаб премиум сега бесплатен глобално за да ја олеснат изолацијата поради коронавирусот

Откако премиум услугите на порнографскиот интернет сајт Порнхаб беа бесплатни само за корисниците од Италија, Шпанија и Франција, отсега компанијата ја прави достапна за целиот свет со цел да охрабрат луѓето да останат дома поради пандемијата на коронавирусот.

Услугата, која нуди на корисниците да пристапат до опции кои досега беа можни само со претплата, ќе биде достапна до 23 април.

На почетната страница на премиум сервисот на Порнхаб корисниците ги пречекува порака „Да помогнеме да се исправи линијата“, мислејќи на напорите кои ги вложуваат властите во спречување на појава на пикови од голем број на нови заразени лица со вирусот. Корисниците треба да означат една од двете опции за да пристапат до услугите – да се согласат на самоизолација или, доколку не можат да се изолираат, да ветат дека редовно ќе ги мијат рацете и ќе држат социјална дистанца.

Порнхаб е познат по голем број на креативни маркетинг решенија и во минатото.

Но ова не е единствениот „придонес“ кој компанијата го прави во справувањето со коронавирусот. Компанијата одлучила и дека 85% од профитот за април ќе го даде на порнографските актери кои се погодени од ситуацијата, а донираат и 25 илјади долари на Проектот за сексуални работници преку кој се поддржуваат лицата од индустријата кои се останати без примања.

Дополнително, Порнхаб донирале и 30 илјади медицински маски за итните медицински служби и противпожарните служби од Њујорк.