Поранешните вработени во Kickass Torrents ја вратија платформата на интернет

Во јули, милиони „пирати“ на интернет останаа без омилената платформа за преземање на пиратерија, Kickass Torrents, откако беше блокирана а нејзиниот основач Артем Ваулин беше уапсен. Сега, група поранешни вработени отворија „реинкарнација“ на озлогласената платформа.

Почнувајќи од денес, Kickass има нова, сосема функционална веб страница. Иако веб страницата изгледа идентично како претходната, ја нема корисничката датабаза. Сепак, добро е што многу членови на оригиналната веб страница се префрлени овде, вклучително и оние кои редовно споделуваат нови содржини.

„Ги имаме повеќето корисници кои прикачуваат најмногу содржини назад, и продолжуваат неуморно да ги споделуваат содржините уште пред да се врати Kickass. Пиратската заедница може да очекува нови торенти од сите имиња кои ги знаат и на кои им веруваат“, велат од тимот на Kickass.

Веднаш после првичната суспензија на платформата, голем број на огледални страници се појавија, но наскоро беа згаснати.