Поранешна фабрика западно од Копенхаген започна со трансформација во експериментално народно средно училиште. Тоа ќе претставува центар за учење на уметност, музика, лидерство и активизам, а ќе се распространува на 3.000 квадратни метри. Дополнителни 2.600 квадратни ќе бидат наменети за сместување на учениците. Поранешниот индустриски изглед на фабриката ќе биде во голема мера сочуван.
Инспирирано од идеалите на фестивалот Roskilde и верувањата за образование на данскиот автор и професор Николај Фредерик Северин Грундтвиг, ова училиште би се разликувало на многу начини од останатите средни училишта и ќе биде првото вакво училиште во Данска, во последните 45 години.
Алтернативното училиште нема наставна програма, ниту тестови, а учениците и наставниците ќе живеат заедно на кампусот во текот на школската година. Образованието воглавно ќе се фокусира на креативноста и општествени теми.
Дизајнирано за да смести околу 150 ученици, училиштето ќе биде организирано во три главни оддели: Ум – кој опфаќа пишување, дебата и обука за лидерство, потоа Тело – за танц и музичко образование и Рака – со помагала и училници за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Овие оддели ќе бидат сместени во просториите на реновираната фабрика.
Учениците ќе бидат охрабрувани да ја украсуваат внатрешноста на фабриката со својата уметност.
Народното средно училиште е дел од поголем план кој има за цел да ги трансформира тамошните цементарници во област за „рок музика, креативност и младинска култура“.
Се очекува училиштето да биде целосно реновирано до есен 2018 година.