Поранешен полицаец отворил бесплатна продавница за сиромашни

Мирко Прелчец (46) од Крапина, Хрватска работел како полицаец од 1990-та до 2008 година, но откако е во пензија се занимава со хуманитарна работа.

Поранешен полицаец отворил бесплатна продавница за сиромашни

Самиот штеди за десетина загорски семејства кои поради тешките телесни или интелектуални оштетувања не се способни за самостоен живот.

Тој организира акција наречена „Леб за подоцна“ во јавната кујна во Крапина, а сега отвори и бесплатен дуќан за сиромашни.

Во овој дуќан нема цени и корисниците може бесплатно да набават основни намирници за живот.

Поранешен полицаец отворил бесплатна продавница за сиромашни

– Мирко сам не најде и понуди да ни помогне. Оваа донација значи многу за нас. Мојот сопруг и јас сме невработени, имаме четири деца и со социјалната помош е тешко да се преживее и да ги прехраниме своите деца – вели Марија Цвртила (28). На нејзиниот сопруг му настрадал ‘рбетот и има ментални проблеми. Трите ученици имаат пречки во интелектуалниот развој, а тука е и најмладиот син.

Не сакам инертно општество како што е создадено од страна на политичарите, вели Прелчец.

– Соседите ги осудуваат, а тоа е најлесно, да се осудува некого и да му се сврти грб. На овие луѓе им треба помош. Не можат сами. И ова и другите семејства за кои се грижам живеат во услови кои не се човечки. Никој не ги посетува, никој не им помога. Многу од нив имаат законските права на разна помош, но тие не ги користат, бидејќи или не се информирани или не се во состојба да се изборат сами за нив. Не го сакам инертното општество кое го направија политичарите. На секој треба да му се даде шанса, ние треба да си помагаме едни на други, вели Прелчец.

Извор: Радио Сараево, 24сата.хр