Поради страв од паника, дочекот на Нова година во Париз без огномет

Јавниот дочек на Новата година во Париз ќе биде организиран наспроти вонредната ситуација по неодамнешните терористички напади, но овој пат без спектакуларниот огномет, одлучија градските власти.

Одлуката е резултат на повеќедневно разгледување на ситуацијата од страна на париската полиција и Министерството за внатрешни работи на Франција, поради вонредната ситуација која во земјата е прогласена по координираните терористички напади на неколку локации во Париз.