Поради огромните количини на соларна енергија Чиле ќе ја „подарува“ бесплатно

Главните соларни централи во Чиле се снабдуваат со толку многу електрична енергија, што ќе мора да ја даваат бесплатно, или по многу ниски цени. Презаситеноста е резултат на растечката индустрија со бакар во земјата.

Зголемената побарувачка на енергија во Чиле го поттикна развојот на 29 соларни фарми за снабдување на централната мрежа. Главни двигатели на оваа промена се производството во рударството и економскиот раст. Се очекува земјата да воведе речиси 1,4 гигавати соларна енергија, за разлика од 371 мегавати во 2015 година, според Блумберг, што е доволно за снабдување на стотици илјади домови.

Но, спротивно на тоа, цените достигнале до нулата во некои делови на земјата на 113 дена од почетокот на годината, што е многу поголема бројка од ланската, кога биле вкупно 192 денови, според централниот оператор во Чиле.

За клиентите поевтината електрична енергија е благослов, но енергетските компании се борат да направат приходи и да ги покријат трошоците за одржување на нивните централи, така што падот на цените за нив претставува лоша вест.

Чиле има два главни хабови, но тие не се поврзани еден со друг, што го објаснува неверојатниот феномен.

Регион во кој се наоѓа мрежата може да произведува преголемо количество на енергија, предизвикувајќи пад на цените, бидејќи вишокот не може да се пренесе на други делови на земјата.