Поради мала грешка, студенти од Белград платиле телефонска сметка од 9 000 денари

Студентите Ненад Мијаиловиќ и Никола Мандиќ, кои се трета година на Шумарскиот факултет во Белград, направиле мала грешка додека престојувале во студентскиот дом „Кошутњак“ што сега ги чини 9 000 денари.

Тие добиле сметка долга пет метри поради користење на фиксниот телефон што го имале во нивната соба.

„Минатата година, овој период, кога се вселивме во домот, почнавме да го користиме фиксниот телефон. Се распрашувавме кај постарите колеги колку тоа чини и дали е скапо. Ни кажаа дека не е, па вртевме каде ќе ни текне. Не само јас и мојот цимер Никола, туку и секој што ќе ни дојдеше на кафе ѕвонеше од нашиот телефон, а ние воопшто не се грижевме“, раскажа Мијаиловиќ за Noizz.

Двајцата студенти се нашла во незгодна ситуација поради нивното невнимание, бидејќи сметката им пристигнала три дена пред да се иселат од студентскиот дом, а претходно не им пристигнало ништо.

„Луѓето во просек имат сметка од 150 денари месечно, а нашата во просек би изнесувала 750 денари. Проблемот е што целата пристигна наеднаш. Едвај ги собравме парите, се позајмувавме за да ја платиме, некои работи ги продадовме, се снаоѓавме како знаевме и умеевме“, вели Мандиќ.

Тие велат дека не го сфатиле добро ценовникот кога се вселиле во студентскиот дом.

„Кога се плаќа за дом, на сметката има ставка ‘телефонски услуги’ која чини 45 денари. Но, тоа се однесувало само на претплатата, а ние мислевме дека со тие 45 денари можеме да зборуваме колку сакаме“.

Студентите сега се вселени во друг студентски дом, каде исто така има фиксен телефон во собата.