Поради дождовите во три фестивалски вечери и одложените POPUP програми, фестивалот продолжува за уште ден – до 22 јули, со цел да се реализира 100% од планираната програма, информираат организаторите.
Вечерва, во склоп на програмата на фестивалот, во Градски парк ќе се прикажуваат Quo vadis, Aida? со почеток во 20:30 часот и Бенедета од 22:30 часот.
Во парк Ибни Пајко, со почеток во 21 часот ќе се прикажува Егзил, а од 23 часот ќе биде Мир и хармонија.
Во кино МКЦ Парк ќе се прикажува Nowhere special од 21:30 часот, а во кино Милениум од 22:30 часот ќе се прикажува филмот Dear Comrades!
Од еко филмската програма, во кино Фросина ќе се прикажува Активист со почеток во 19 часот.
Билетите за „Синедејс“ чинат 100 денари, за сите концерти и филмови, освен за филмовите од POP-UP кино, кои се бесплатни.
Со секој купен билет за филм, има и пропусница за cinEmusic програмата предвидена за тој ден.
Распоредот на термини и локации предвидени за филмските проекции може да биде променет. За сите промени, следете овде:
web: www.cinedays.mk