Популацијата на ајкули се намалила за 71% во последните 50 години

Неодамнешно истражување објавено во списанието „Природа“ открива дека бројот на ајкули во океаните се намалил за 71% од 1970-тите.

Поради овие алармантни откритија, истражувачите ги повикуваат владите да преземат драстични мерки за да се спречи трендот. Авторите на студијата за повеќето од загубите го обвинија прекумерниот риболов.

Ајкулите често се ловат за храна, но исто така се жртви на спортскиот риболов во многу делови на светот.

Повеќе разочарувачки е фактот дека овие животни веќе се изложени на ризик од истребување, смета Николас Далви, професор на Универзитетот ,,Симон Фрејзер” во Британска Колумбија.

„Прекумерниот риболов на океанските ајкули го загрозува здравјето на целиот океански екосистем, како и безбедноста на храната за некои од најсиромашните земји во светот“, рече Далви.

Во студијата бил анализирани 31 вид ајкули пронајден на отворен океан. Од овие видови, 24 веќе се класифицирани како загрозени од Меѓународната организација за зачувување на природата. Понатаму, три видови ајкули во моментов се наведени како критично загрозени.

За да се опорават овие популации на диви животни, мора да се земат предвид научните податоци.

Според Соња Фордам, претседателка на Shark Advocates International, големите бели ајкули сега закрепнуваат благодарение на научните податоци што влијаеле на границите на риболов.

„Релативно едноставните заштитни мерки можат да помогнат во заштита на ајкулите, но времето истекува“, рече Фордам.

„Итно ни требаат активности за зачувување низ целиот свет за да се спречат огромен број негативни последици и да се обезбеди посветла иднина за овие извонредни, незаменливи животни“, заклучи таа.