„Попреченоста е само прашање на перцепција“ – скопски основци вклучени во кампањата: ,,Инклузија без граници”

Ученици од основни училишта од Скопје беа вклучени во четирите работилници наменети за поголема инклузивност на децата со образовна попреченост што се одржаа во текот на месеците февруари и март, каде учениците се дружеле и заеднички учеле преку едукативни игри.

Активностите се спроведуваа како дел од кампањата ,,Инклузија без граници”, во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“ кој го реализира Здружението „Мултиетничка организација за интернационални култури — МОЗАИК-М, Скопје“, a e подржан од Институтот за медиуми и различности од Лондон (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) финансиран е од Европската Унија.

Главната цел на кампањата беше прифаќање и инклузија на учениците со посебни образовни потреби во образованието преку креативни активности

„За време на работилниците децата ни потврдија дека попреченоста е навистина само прашање на перцепција и не треба да не ограничува во играта, учењето и другарувањето. Вкупно 14 ученици беа вклучени од две училишта на територија на Град Скопје- ПОУ ,,Златан Сремец” и ООУ ,,Владо Тасевски”. Кампањата влијаеше во надминување на дискриминацијата и неприфаќањето на учениците со посебни образовни потреби и создавање на меѓусебно разбирање на различностите помеѓу сите ученици“, велат од МОЗАИК-М.

Од здружението додаваат дека предизвик во иднина е целосна инклузија и вклученост на лицата со посебни потреби не само во образованието, туку и во општеството како целина, со што ќе им се овозможи квалитетен и исполнет живот.

„Попреченоста е само прашање на перцепција“ – скопски основци вклучени во кампањата: ,,Инклузија без граници”

„Попреченоста е само прашање на перцепција“ – скопски основци вклучени во кампањата: ,,Инклузија без граници” Неодамна здружението МОЗАИК-М во соработка со ООУ ,,Владо Тасевски’’ Скопје организираа четири работилници кои се одржаа во посебното основно учичиште Златан Сремец – Скопје, каде што ученици од редовните основни училишта од Скопје беа вклучени во работилници наменети за поголема инклузивност на децата со образовна попреченост. Кампањата се одвиваше во форма на креативни и едукативни игри водени од стручни лица (дефектолози) кои имаа за цел заедничко дружење и соработка. Целта на работилниците беше да ги поттикне учениците на поголема интеракција со нивните врсници кои се соочуваат со некаква ,,попреченост” во образовниот процес и да ги надмине вообичаените стереотипи кои постојат во нашето општество за ваквиот тип на ученици. За време на работилниците децата ни потврдија дека попреченоста е навистина само прашање на перцепција која најчесто е под влијание од околината и ставовите кои постојат, а не причина која не ограничува во играта, учењето и другарувањето. Искуствата од работилниците покажаа и докажаа дека постои начин како да се надмине дискриминацијата и неприфаќањето на учениците со посебни обрзовни потреби и начини како да се создаде меѓусебно разбирање на различностите помеѓу сите ученици преку поголема употреба на креативни активности. Од атмосферата може да се заклучи дека децата имаат огромна потреба од запознавање и изразување, па со овие работилници се отвори можност двете групи на ученици да имаат едно привремено катче за заедничка дружба каде разликите и навидум предрасудите кај децата се надминати. Тоа што навистина претставува предизвик во иднина е целосната инклузија и вклученост на лицата со посебни потреби не само во полето на образованието кое што сепак е еден од најважните сегменти на раст и развој кај децата каде треба да се посвети најголемо внимание и да се иновираат образовните методи и практики на токму ваков неформален начин каде што децата се слободни во изразувањето , туку и во општеството како целина и на тој начин овозможувајќи им квалитетен и исполнет живот.

Posted by Mosaic – Мозаик on Wednesday, 17 July 2019