Поплавено училиштето „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, учениците префрлени на онлајн настава

Компјутери, клупи и друг училиштен инвентар се оштетени од поплава во средното училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, пренесува Телевизија 24.

Водата од последните дождови проби низ откриениот кров што е во фаза на реконструкција и ја оштети електричната инсталација во училиштето. Поради ова, струјата е исклучена, а сите ученици се префрлени да следат онлајн настава од дома.

Од компанијата „Еврометал“, која е задолжена за реконструкција на кровот, во изјава за Телевизија 24 велат најавуваат дека покривањето ќе заврши до крајот на неделата. За вредноста на штетата од поплавата, пак, ќе се знае по проценката.

Целиот прилог е достапен на следниот ЛИНК.