Поп-ап изложба насликана со масло од отровен воздух

Лондон е град кој има сериозен проблем со загадувањето, претежно поради издувните гасови од возилата. Поради тоа, индиски стартап создаде блокатор за емисиите на издувни гасови од дизел гориовото, на самата точка на контакт со атмосферата. Истовремено, го рециклира преостанатиот јаглерод и од него создава уметност.

Гравики Лебс создаде уред наречен Каалинк, кој се прикажува на ауспусите на возилата кои работат на дизел горива. Уредот „лови“ 95 проценти од јаглеродот, спречувајќи го да се разнесе во атмосферата.

Потоа, чадот се рециклира во масло и се претвора во маркери и пенкала, наречени Air-Ink.

Според коосновачот на Гравики Лебс, Анируд Шарма, едноставната „плаг ин“ технологија може да обезбеди до 30 каталјони литри почист воздух за лондонците секоја година. Освен тоа, може да обезбеди и многу пенкала – едно пенкало се полни со мастило екстрахирано од просечно 50 минути работење на дизел мотор.

Ова не е прв пат тие да користат мастило за да „го насликаат“ проблемот со загадувањето. Претходно, во соработка со администрацијата на Хонг Конг, насликале цела улица со нејзиниот сопствен кондензиран, загаден воздух.

Сега се во Лондон, каде се домаќини на Чистата Уметничка Галерија во Брикстон. Поп-ап изложбата вклучува петмина уметници од најзагадените градови на Велика Британија. Ненамерно, токму Брикстон ги надминал границите на дозволеното загадување во 2017 година, а се уште е месец март.

За Шарма, создавањето на мастило од јаглерод е само еден начин да се намали загадувањето. Сега се обидува да најде и друг начин на прочистување на воздухот, а се надева и на соработка со лондонскиот градоначалник, Садик Кан.

Еден од позначајните развои на Air-Ink е подобрувањето на квалитетот, за да биде погодно за печатење.