Поп Ап Акто – Култура на граѓански промени

Откако Поп Ап Акто фестивалот за современа уметност овогодинешното 11-то издание го реализираше во четири градови (Битола, Скопје, Штип и Тетово), активностите продолжуваат како дел од проектот Култура за граѓански промени на 21 – 22 декември 2016 во Скопје.

Во рамки на настанот ќе бидат одржани неколку работилници, претстави, дискусии и забави. Целосната програма може да се најде овде.

Програмските активности на проектот Поп Ап Акто – КЗГП кои се реализираат на 21-22 декември 2016 се вклучени како дел од Програмата во Декември, Месец на ПЛАТФОРМ(а) за современи изведувачки уметности организирана од Локомотива и Кино Култура.

ПЛАТФОРМ(а) ЗА СОВРЕМЕНИ ИЗВЕДУВАЧКИ УМЕТНОСТИ Програма ДЕКЕМВРИ се реализира во партнерство помеѓу Локомотива, како дел од програмата на Кино Култура и партнерите: Регионот Нормандија во рамки на програмата за Децентрализина соработка помеѓу регионот Нормандија и Р. Македонија, ФРУ-Факултет за работи што не се учат како дел од проектите Култура за граѓански промени и ПОП АП АКТО и со Гете Институтот – Канцеларија за врски Скопје.