Полските академици протестираат против „фундаменталистичкот“ министер за образование

Универзитетските академици во Полска протестираат против надлежниот министер за образование поставен од конзервативната партија, кој изјави дека припадниците на ЛГБТИ+ заедницата не се еднакви со „нормалните луѓе“, дека жените се создадени за да раѓаат деца и изразил поддршка за казните со физичка сила.

Активисти облечени во униформи на чувари се искачиле на балконот на полското Министерство за образование и закачиле банер како акт на протест против новиот министер за кој сметаат дека е религиски фундаменталист и опасност за универзитетите и младината на нацијата.

На банерот насочен кон министерот Пжемислав Чарнек пишувало „Бојкотирајте го Чарнек. Хомофоб. Ксенофоб. Фундаменталист“. Вистинското обезбедување за брзо време го отстранило банерот, пред министерот да дојде на работа, а голем број на полициски службеници се појавиле за да ги испрашуваат двата активисти.

Рафал Сужек, професор по физика на Универзитот во Варшава кој бил еден од двата активисти, при полициското испражување истакнал дека луѓе со назадни погледи како на министерот не треба да имаат толку висока позиција на авторитет.

Носејќи маска, Сужек додал дека Чернек шири „вирус на омраза“ што е поопасен од коронавирус.

Сужек е еден од 2,700 професори и академици кои потпишале петиција за бојкотирање на министерот, кој оваа недела беше официјализиран од претседателот Дуда.

Неговото официјализирање се одржало две недели подоцна од другите минитрсти поради закрепнувањето од коронавирусот.

Претседателот Дуда, истовремено сопартиец на Чарнек, истакнал дека со добивањето на министерското место Чарнек би внел идеолошки баланс во академијата, која според Дуда, е доминирана од левичарски погледи.

Академиците пак, го гледаат како екстремисти и религиски фундаменталист кој може да го уништи полскиот образовен систем. Тие се плашат дека неговото однесување кон геј лицата и лезбејките значи дека тој нема да ги заштити младите кои се дел од сексуалните малцинства, кои понекогаш патат од депресија и малтретирање, но и дека тој би можел да ги замре академските истражувања во сферите како родови студии.

„Пред нашите очи се случува симболично силување на полското образование и наука“, се вели во петицијата.

Петицијата ги повикува членовите на академската фела да ги бојкотираат настаните на кои учествува Чарнек, како и да не учествуваат во никакви образовни тела кои би можеле да ги уништат хуманистичките вредности. Сепак, тие велат дека нема да прават активност што би им наштетило на институциите, односно бојкотирање на наставата.

Извор: Independent