Претседателот на Полска, Андржеј Дуда, потпиша еден од трите предложени закони кои го организираат правосудниот систем на начин на кој критичарите велат дека ја ограничува неговата независност.
Дуда во понеделникот, после неколкудневни масовни протести, објави дека ќе стави вето на два од трите закони.
Денес, од неговиот кабинет објавија дека го потпишал законот, и покрај демонстрациите изминатата ноќ во неколку градови, кои го повикуваа да стави вето и на него.
Законот му овозможува на министерот за правда, кој истовремено е и јавен обвинител, да ги избира главните судии во сите основни судови.
Критичарите и опозицијата велат дека законот е неуставен, но ја поздравуваат одлуката на претседателот да стави вето на другите два. Еден од нив можеше да му дозволи на министерот за правда без консултација и дозвола да ги отпушти сите судии во Врховниот суд и да ги избере нивните заменици.
Дуда вели дека законот за Врховниот суд би му дала преголема моќ на јавниот обвинител.
Неговата одлука беше донесена после осум ден протести низ целата држава, во кои стотици илјади Полјаци со транспаренти „Слободни судови“ и „Слобода, еднаквост, демократија“, го молеа претседателот, кој и самиот е правник, да ја донесе правилната одлука.
Ставањето вето на двата закони е прв пат Дуда да донесе одлука спротивна од премиерот Јарослав Качински, лидер на Партијата за право и правда, откако стана претседател во 2015 година.